Трагедија! Руски воен авион со над 90 лица пропадна над Црното Море

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Авион на руското Министерство за одбрана 20 минути откако полетал од Сачи кон Латакија, Сирија се изгубил од радарите, пренесува РИА новости. Во авионот Ту-154 имало над 90 лица.


Меѓу патниците имало музичари и новинари, вкупно бродот пропаднаа Ту-154 имало 91 лица, прецизира РИА Новости.

 ВО УРНАТИОТ АВИОН БИЛ НАЈПОЗНАТИОТ РУСКИ ВОЕН ХОР „ АЛЕКСАНДРОВ“, КОЈ ТРГНАЛ ДА ПЕЕ ВО РУСКА БАЗА

Извори на ТАСС во органите на потрагата  во реонот на паднатиот руски авион Ту-154, тврдат  дека авионот   паднал во Црното Море.”Според првичните сознаија  авионот паднал и потонал во Црното Море”, вели изворот.


Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин е информиран за инцидентот и презел итни мерки.
Потсетуваме дека машината е исчезната од радарите околу 20 минути по полетувањето од аеродромот во градот Алдер крај Сочи.Во авионот патувале 83 патници и 8 членови на екипажот. Според агенција ТАСС  на летот  бил музички ансамбл, како и новинари.Авионот требало да слета во Латакија, Сирија.Уметниците од ансамблот оделе да го поздрават со доаѓањето на Новата година авиогрупата на руските воено-вселенски сили во авиобазата Хмејмим, соопшти Министерството за одбрана.