Теарце се прегласува, и покрај големите очекувања за победник, сепак новата Влада ќе ја прават и ќе ја води државата само оние, тој мандатор ,кои ќе направат поголем број пратеници и поголема колиција, а не бројката од гласовите од Теарце.

Тетовското село Теарце денеска ќе биде центарот на вниманието во Македонија. Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во оваа општина, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.

На избирачкото место 2011 во Теарце во избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи . На денот на изборите на 11 декември во ова избирачко место регистрирана е излезност од 56,58 проценти, односно од вкупниот број 714 граѓани со право на глас, гласале вкупно 404 лица. Приговорот на СДСМ беше дека на оваа место е организиран .т.н „ Бугарски воз“ откако едно ливче е откорнато од избирачкиот сисок изнесено надвор и потоа со контролирано заокружување надвор е врпено гласање на оваа место за една политичка партија.
Управниот суд минатата недела ја уважи тужбата од СДСМ, а со која оваа опозициска партија се жалеше на одлуката на ДИК, која не го прифати нивниот приговор за регуларноста на гласањето на избирачкото место во Теарце .

На ова несогласување изрази владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој уште пред да донесат одлуки и ДИК и Управниот суд тие врз основ на прелиминарните резилтати, не и конечни, се прогласија за победници и преку проглас кој беше прочитан пред ДИК, најави дека нема да учествува на ова прегласување и дека нема да ги признае резултатите од прегласување, ниту пак институциите кои би се формирале доколку дојде до промена на распоредот на мандатите во шестата изборна единица.
Според симулација според важешкиот Донтов модел, на денешното гласање само СДСМ , ако освои повеќе гласови би можеле да му одземат пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој случај резултатот на бројот на освоени места би бил 50- 50 бидејќи првичните прелиминарни резултати се 51-49 во корист на ВМРО ДПМНЕ. МВР вчера пријави за 2 лица кои се обидувале со поткуп да разубедуваат граѓани да не излезат на гласање, и за 100-500 евра им ги пленеле личните карти за да не излезат на гласање, што е сриозно кршење на изборниот законик и казниво со затвор.
ПРЕД ДЕНЕШНОТО ГЛАСАЊЕ, ПРИЈАВИ ЗА ПОТКУП ЗА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ВО ТЕАРЦЕ
Во избирачкото место 2011, каде што ќе се прегласува, запишани се 714 гласачи. За СДСМ да освои пратеник потребно е да направи разлика од 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Во случај разликата да е 303 гласа,и тогаш бројот на мандати би бил изедначен.
Сепак , ниту тие бројки не би го дале победникот ниту евентуално изедначувањето, или останување на истиот сооднос. Главниот чекор и ПОБЕДА , е за тој што ќе состави ВЛАДА, или кој ќе биде идниот премиер. Тука според Уставот на РМ мандатар за новата влада ќе биде тој што ќе обезбеди поголем број на пратенички гласови во колицијата со партиите на Албанците. Дел од нив вчера имаа обединувачки состанок и освен БЕСА другите се договорија за заеднички настап со една од партите од македонскиот блок, но не соопштија со која партија.
Денешното прегласување во Тераце го следат голем број домашни и меѓународни набљудувачи .