Тој има бела брада, црвен костум, секогаш насмеан e и малите и големите го очекуваат на крајот од секоја година. Дедо Мраз е најомилениот старец, кој го сакаат и оние кои не биле особено послушни во текот на годината. Сме слушнале какви ли не приказни за него.
Како деца силно верувавме во неговиот лик, а како возрасни сакаме бајковидните приказни да не се мит, туку да има и малку вистина во нив. Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме неколку помалку познати факти за Дедо Мраз.
Дедо Мраз има многу имиња. Во САД често е нарекуван St. Nick или Kris Kringle. Во Англија го нарекуваат Father Christmas во Швајцарија – Christkindli, во Франција – Pere Noel, Babbo Natale во Италија и Weihnachtsmann во Германија.
Дедо Мраз не секогаш минувал и поминува низ оџакот. Во 1841 година, трговец по име Паркинсон ангажирал човек од улица, за да се облече како белобрад старец и да се качи на оџакот на неговата стоковна куќа. На луѓето толку им се допаднала оваа слика што почнале да раскажуваат приказни, а следните илустрации на Дедо Мраз беа како тој влегува низ оџакот. Така се родил митот дека тој влегува тајно, за да ги остави подароците.
Знаете ли дека култот на Дедо Мраз е стар и потекнува од антиката? Тој вклучува многу традиции – христијански и пагански, скандинавски, холандски, германски и англиски.
Приказната за санки влечена од осум елена е зачувана во една песна посветена на Свети Никола. Негов автор е Климент Мур објавено е на 23 декември 1823 година. Во “Twas the Night Before Christmas” се споменува дека санката на Дедо Мраз е влечена од осум елена. Кон осумте летечки елена, малку подоцна се приклучува и омилениот на сите Рудолф.
Традиционално до елката секогаш се остава чаша млеко со колачиња за Дедо Мраз, бидејќи тој е уморен и гладен од долгиот пат.
Во првите илустрации Дедо Мраз е со многу различни од денешните облеки. Тие се главно во зелена, кафеава, сина. Во почетокот на 1800 година, тој стана популарен со црвениот костум. Неговиот лик станува модерен, а не подолго станува и дел од кампањата на Coca-Cola.
Според некои извори, трговец по име Џејмс Едгар за прв пат во 1890 година, воведува во трговски објект маркетинг стратегија за средбата со Дедо Мраз.
Знаете ли дека до крајот на 1800 година Дедо Мраз е ерген? Првото споменување на неговата сопруга е во кратката божиќна приказна на Џејмс Рис. Во следните неколку години, идејата за г-ѓа Мраз го наоѓа својот пат во неколку книжевни изданија.
Дедо Мраз е роден во 270 година пр.н.е. тоа значи дека е на повеќе од 1000 години. Според легендата тој живее на Северниот пол со г-ѓа Мраз и неговите џуџиња.
Рудолф се смета за 9-тиот елен на Дедо Мраз. Тој се приклучи на останатите ирваси на Бадник, за време на лоша снежна бура. Осумте елена не можеле да видат каде летаат, но Рудолф со неговиот црвен и запалена нос успеал да го освети патот за санките на Дедо Мраз.