Наскоро „шарени“ статуси на Фејсбук

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

Најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук најави дека планира да воведе нови опции при објавувањето на текстуални статуси на корисниците, што ќе вклучува и можност за избор на боја на позадината на текстот.

Први кои ќе добијат можност да ја користат оваа „шарена опција“ ќе бидат корисниците на паметните уреди со Андорид, а набрзо потоа можноста за „боење“ на позадината на текстовите на статусите ќе имаат и корисниците кои се вклучуваат на Фејсбук преку компјутери и иОС уреди.

Корисниците на Андроид кои ќе ја добијат опцијата „боење на статусот“. ќе може да изберат од понудата на бои на дното на полето за внесување на текстот.