Терористичкиот напад на базарот на 19 декември го разбуди размислувањето кај Германците за менување на миграциската политика.

Повеќето Германци го поддржале барањето на баварскиот премиер Хорст Зеехофер за преиспитување на политиката на СРГ во областа на миграцијата и безбедноста по терористичкиот чин во Берлин, сведочат резултати од ново истражување.
Според резултатите од анкетата спроведена од Институтот за проучување на јавното мислење Emnid, 68% од Германците рекле дека се за прием на нови мерки, 30% биле “против”. Над 80% од анкетираните се изјаснилеза засилување на видео надзорот на јавни места.
По нападот на 19 декември во Берлин Хорст Зеехофер изјави дека властите во СРГ “треба на нов начин да ги преиспитаат политиката за миграција и политика за безбедност”.