[ВИДЕО-РЕЦЕПТ] Полнети модри патлиџани

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Обично Бадник и Божиќ се исклучително заситени празници во однос на храна и вкусни јадења.

По тој повод, можеби е подобро да се обрне внимание малку на полесни главни јадења и да си дадеме малку одмор.

За целта денес ќе ви презентираме начин да си приготвите вкусен полнет модар патлиџан.

Ќе ви бидат потребни:

4 до 8 модар патлиџан

230 г говедско месо

1 врска свеж магдонос

2 домати

1 мала главица кромид

2 чешниња лук

7 с. л. растително масло

1 с.л. доматно пире

зачини

Чили и сол

Како да подготвите полнети патлиџани – видете во видеото: