Бранко Манојловски ќе претседава со конституивната седница

од Vladimir Zorba
107 прегледи
Новите пратеници  мандатот ќе го стартуваат со новогодишна елка и честитки за нова година – Трајко Вељаноски најверојатно ќе го чека последниот ден за да ја закаже седница. Такви се и најавите од ВМРО- ДПМНЕ, информира 24Вести.
Со седницата  ќе претседава најстариот пратеник – во новиот состав тоа е Бранко Манојловски кој во законодавниот дом влезе како кандидат на ДУИ и на православните Албанци. Нов претседател  речиси е извесно дека нема да биде избран на првата седница, за разлика од минатите три парламентарни  циклуси, кога изборот на Вељаноски на конститутивната седница ја најавуваше владата Груевски – Ахемти.
Овојпат слично како и во 2006-тата претседател дополнително ќе се бира, бидејќи според партиите владата е далеку од договор.
Партиски извори од ВМРО- ДПМНЕ велат дека ќе се чека последниот момент, бидејќи ќе се прават  напори  да се воспостават барем контурите на новата коалиција за да биде чиста состојбата, но нивниот став не го делат од ДУИ, партијата на која најмногу сметаат за коалиција. Од Мала Речица велат дека е рано и дека претседател ќе се избере кога ќе се формира мнозинство.
Целиот тескт можете да го прочитате тука