DW: Германскиот министер за надворешни работи констатира длабока криза во ЕУ

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изрази силна загриженост за ситуацијата во ЕУ, пренесе Deutsche Welle.

“Европа без сомнение, се движи во погрешна насока и треба брзо да открие во себе сили, за да се врати”, изјави Штајнмаер.
Според него, ЕУ треба да открие одговори таму каде што досега не ги давала. Како главни приоритети министерот ги утврди идната стратегија во однос на мигрантите и бегалците, внатрешната и надворешната безбедност, пазарот на трудот и економијата.

“Таму каде невработеноста меѓу младите е над 50%, природно, нема ентузијазам во однос на Европа”, констатира министерот за надворешни работи.
Тој истакна дека ЕУ нема да ги реши проблемите со оние кои гледаат излез во враќањето кон националната сувереност.

Штајнмаер изрази надеж дека по изборите во Франција, Германија и Холандија во 2017 година насекаде ќе управуваат влади “, кои ќе се за Европа и нема да дозволат разочараност од процесите на европската интеграција”.