Stratfor објави прогноза за 2017 година: Антирускиот фронт ќе пукне по шевовите

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Изборот на Доналд Трамп може да означува промена во односите на Москва и Вашингтон.

Во 2017 година Русија има шанса да ја измени рамнотежата на моќта во Евроазија во своја полза, сметаат аналитичарите од американскиот приватен разузнавачки-аналитички центар Stratfor. Подобрување на меѓународната положба на Русија се поврзува и со можните измени во политиката на САД и ЕУ, така и со преоценка на односите со некои земји од ЗНД.

Во последната година во единствениот фронт на Западот против Русија се забележаа “пукнатини”, велат авторите. Јунскиот Брекзит во Велика Британија стана манифестација на длабоките внатрешни противречности во ЕУ, додека во САД изборот на Доналд Трамп може да означува промена во односите на Москва и Вашингтон.

Расколот може да биде уште поголем, ако на изборите во Франција, СРГ, Холандија и Италија победи опозициските силиз. Сето ова и дава на Русија сериозна шанса да ги постигне своите цели, а главната од кои е откажување на санкциите.

Влијанието на Русија во постсоветскиот простор ќе продолжи да расте, претскажува Stratfor. Земјите, кои традиционално одржуваат добри односи со Москва – Белорусија, Ерменија, Казахстан, Таџикистан и Киргистан – ќе ја прошируваат соработката, додека влијанието врз нив на ЕУ ќе се намалува. Според аналитичарите, улогата на Русија во Азербејџан и Узбекистан исто така ќе расте во врска со соработката во областа на безбедноста. Ќе расте и активноста на ЕАИС и ОДКС, најважните организации во постсоветскиот простор.

Украинското прашање се претпоставува да биде решено според предлогот на Хенри Кисинџер пред Трамп: Москва треба да даде гаранции за безбедноста на Источна Украина (Донбас), а Запад ќе прекине да се “меша” поради Крим. Полуостровот нема да биде официјално прогласен за Руска територија, но тоа прашање ќе престане да биде проблем во односите на САД и РФ.