The Independent: Подигнување на глобалната температура доведува до рана миграција на птиците

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 Зголемувањето на глобалната температура доведува до рана миграција на птиците, покажува истражувањето на стотици видови од пет континенти, пишува весникот The Independent .

За секој степен зголемување на температурата птиците пристигнуваат еден ден порано, забележуваат експертите од Единбург универзитетoт. Тие се надеваат дека ова истражување ќе им помогне на научниците подобро да предвидуваат како различните видови можат да реагираат на сегашните и идните климатски промени.
“Многу растенија и животински видови го менуваат времето на своите активности поврзани со почетокот на пролетта, како расцутот и размножувањете”, изјави еден од специјалистите на универзитетот. “Сега имаме детални информации за тоа како времето за миграција се менува и какви се разликите кај различните видови”, додаде експертот.