Скарлет Јохансон носи најмногу пари во киното

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Скарлет Јохансон ја предводи листата на списанието “Форбс” за најдоходовната филмска ѕвезда во 2016 година благодарение на улогите во “Капетан Америка: Граѓанска војна” и “Аве, Цезар”, соопшти Ројтерс.
Приходите од филмовите со Скарлет Јохансон во кината ширум светот се 1,2 милијарди долари.

“Kapeтан Америка: Граѓанска војна” донесе 1,15 милијарди долари.

Со “Аве, Цезар” актерката ги претекна Крис Еванс и Роберт Дауни Џуниор, со кои играат заедно во блокбастерот.

На четврто место е австралиската актерка Маргот Роби со 1,1 милијарди долари благодарение на филмовите “Одред самоубијци” и “Легендата за Тарзан”.

Британката Фелисити Џонс влезе во класификацијата на списанието “Форбс” за прв пат благодарение на улогите во “Rogue One: Историја од Војна на ѕвездите”, “Пекол” и “Часот на чудовиштето”. Таа е на деветтото место.

Списанието “Форбс” ги прави пресметките врз основа на продажбата на билети за кината во целиот свет за филмовите на водечките холивудски актери.

Рангирањето не опфаќа анимации како “Барањето на Дури”. Овој филм на “Дизни” е на второ место по приходи во светот оваа година со 1,02 милијарди долари.