Лидерите на партиите на Албанците во Македонија вечерва имаа заедничка средба со премиерот на Албанија Еди Рама.
На средбата во Тирана присуствуваа претседателот на ДУА Али Ахмети, Зијадин Села од коалицијата Алијанса за Албанците, Биљал Касами претседател на Беса и Фадил Зендели од крилото на НДП кое коалицира со Беса. Од ДПА немаше претставник.
Средбата завршила во 19 и 30 часот. Од партиски извори само кусо се дознава дека имало договор, но каков и за што-не кажуваат. Фотографиите ги објави премиерот Еди Рама на неговиот фејсбук профил веднаш по завршувањето на средбата и под нив напиша-,,Братски“.
Ова е прва заедничка средба на Рама со лидерите на албанските партии во Македонија. Непосредно по изборите имаше поеднинечни средби со нив кои беа објаснети со обидот да се обединат сите партии во најдобар интерес на граѓаните Албанци во Македонија./Телма