Од грчките министри ќе биде побарано да потпишат “меморандум за соработка”, како дел од владините напори за избегнување на отстапување од фискален буџет 2017-та, пишува весникот Kathimerini .
122
Во меморандум на заменик-министерот за финансии Јоргос Хулиаракис, министрите се запознаени со детално набројување на преземените обврски со цел постигнување на примарниот суфицит од 1,75% од БДП во 2017 година забелешка, која треба да биде потпишана од сите министри до 15 јануари.
Се тоа доаѓа по усвоениот во парламентот амандман непосредно пред Божиќ, без консултации со Министерството за финансии, што дава можност за ангажирање на вработени во општините и зголемување на платите, што според Министерството за финансии може да ги саботира фискалните цели за 2017 година