Најдобрата тенисерка во моментов – Серена Вилијамс ќе му каже “Да” на интернет магнатот. Американската ѕвезда на теренот сама ја објави веста дека ќе се омажи.
Избраникот е Алексис Оханијан, еден од основачите на интернет страницата Reddit.
“Клекна пред мене, тој ги отпеа четирите зборови: Ќе се омажиш ли за мене? и јас му одговорив: “Да”, гласи поемата на Вилијамс.
Идниот сопруг на Вилијамс ја објави истата информација на својот профил, а кон неа има цртеж на кој тој е клекнат. Кон цртежот има и коментар, кој гласи: Таа рече: “Да”.
Датумот на свадбата засега не се соопштува.
Серена има 35 години. Таа е добитничка на 22 титули од турнирите за гренд слем и на вкупно 71 титула од престижни тенис турнири. Има заработено близу 81 милиони долари, откако дебитираше во тенисот во 1997 година. Серена сега е на второ место во тенис ранглистата.
Триесет и три годишниот Оханијан е генерален директор на Reddit и е основач на неколку интернет страници.