Пред денешната конститутивна седница на Собранието на РМ и разногласијата на координациите за истата, лидерот на Демократскиот сојуз, и долгогодишен пратеник Павле Трајанов бара согласно Уставот на РМ, Законот и Деловникот за работа на Собранието со денешната седница да претседава највозрасниот пратеник.

Тоа е уставна и деловничка одредница и досегашна утврдена пракса,вели Трајанов за Локално.мк.