Иако навела дека причина за повлекувањето од спортот е дека повеќе не може да биде во топ форма, изгледа дека причините, сепак, се значајно поинакви.Некогаш најдобрата тенисерка на светот Ана
– Имам големи новости коишто сакам да ги споделам со вас. Не сум ги соопштила досега на никого, бидејќи сметам дека заслужувате да ги слушнете први. Одлучив да се повлечам од професионалниот тенис. Тоа беше тешка одлука – признала Ана, која се осврнала на своите професионални успеси и соништа што ги остварила, но и на плановите за иднината.
– Ќе бидам амбасадор за спорт и здрав живот. Ќе ги искористам приликите коишто ќе ми се укажат во бизнисот, во областа на убавината и модата, а ќе имам и повеќе време да се посветам на работењето во Уницеф. Го живеев својот сон и затоа немојте да биде тажни – порачала српската тенисерка.
Иако навела дека причината за повлекувањето од спортот е тоа што повеќе не може да ја одржува топ формата која е неопходна во тенисот за да биде успешна како што сите навикнале, изгледа дека причините се, сепак, значајно поинакви.
Имено, странските медиуми шпекулираат дека убавата Србинка е бремена, и дека во 2017 година на својот сопруг Бастијан Швајнштајгер ќе му го подари првото дете. 
Како што пренесуваат странските медиуми, главната причина за повлекувањето на Ана од професионалниот спорт е бременоста.
Во новинските текстови кои се објавени по соопштението на Ана, се појавиле информации дека идните родители неизмерно се радуваат на новиот член во семејството, како и дека целосно сакаат да се посветат на семејниот живот.
