Година на теророт: Погледнете под кои пресии светот ќе ја пречека 2017-та

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Под засилени мерки за безбедност светот се подготвува за долга ноќ на прослави на доаѓањето на Новата година, пренесе агенцијата “Франс прес”. 2016-та беше одбележана со серија крвави напади против мирни граѓани.

Долгата листа на засегнати градови ги вклучува Истанбул, Орландо, Брисел, Багдад, Берлин, Ница. Во многу од нив нападите беа насочени против насобраните луѓе – сценарио, од кое безбедносните сили стравуваат оваа новогодишната ноќ.

Сепак луѓето ќе се соберат вечерва на улиците во Азија, Блискиот Исток, Африка, Европа и Америка, за да испратат една година, одбележана со политичка и геополитичка несигурност.

Поради временската разлика Сиднеј ќе стане првиот голем град, кој ја пречекал Новата година. Таму таа настапува во 13:00 часот по Гринич. 2000 дополнителни полицајци ќе бидат распоредени во Сиднеј. Се очекува вкупно милион и половина луѓе да се соберат во реонот на пристаништето за да го видат огнометот.

Во Тајланд огнометот е забранет поради едногодишен жалост, прогласен по повод смртта на кралот Пумипон Адулјадет во октомври. Се очекува, сепак илјадници да се соберат за да испејат компонирани песни за починатиот крал и да ја проследат националната химна.