Францускиот претседател Франсоа Оланд во саботата предупреди на ризикот од национализмот во своето последно новогодишно обраќање, пренесува агенцијата Reuters .

Оланд, кој овој месец изјави дека нема да се кандидира за втор мандат на функцијата во 2017 година, го заштити своето наследство како претседател и обрна внимание врз политиките на антимиграционниата и антиевропскиот Национален фронт, чиј лидер Марин Ле Пен ќе стигне до вториот круг од претседателските избори, ако последните анкети се точни.

“Има периоди во историјата, кога сè може да се промени драматично. Ние сме во еден од нив “, изјави Оланд во својот говор, на француската телевизија. “Како може да се замисли нашата земја затворена зад ѕидови, редуцирана до својот внатрешен пазар, враќајќи се кон нејзината национална валута и, на врвот, на дискриминаторски пристап кон  своите деца според нивното потекло?”, прача шефот на француската држава.