Доаѓа живот! Почнуваме да го создаваме животот што го избравме!

од Vladimir Zorba
80 прегледи
 Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме. Македонија ќе биде држава на финансиски стабилни семејства, на насмеани деца и на среќни граѓани, пишува во соопштението на СДСМ.

„Ќе ги покачиме платите. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да можат да даваат повисоки плати на вработените. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, индивидуално, преку враќање на 15 проценти од платениот ДДВ во потрошувачките сметки на секој граѓанин. И општо, кон здравството – за бесплатно боолничко лекување на сите, кон образованието – за квалитетно образование со помалку часови, а поголем успех, кон социјалата – за никој да не е гладен и без дом. Ќе подигнеме институции за граѓаните. Македонија ќе ја поставиме на здрави основи, ќе биде држава на слободни и еднакви граѓани, праведно и правично општетство….За сите доаѓа живот. Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен. Продолжуваме заедно. Ќе го создадеме животот што го избравме.“, пишува во партиското соопштение.