Заклучок примирје во Сирија и прекинот на огнот се покажа нешто премногу деликатно и условно покрај вадењето на џихадистичките организации од листата.
Сите демнат некои други да не пукаат први.

Привремено примирје за време на војна се налукува на оксиморон. Прво, Сириската армија воопшто нема намера да трпи во непосредна близина на Дамаск исламисти, особено во предградието Источна Гута, кое е под контрола на “Џејш ал Исламо. Во првиот ден од годината единици на 105-та бригада на Републиканската гарда ја продолжуваат таму операцијата, удирајќи по позиции на “Џејш ал-Ислам” североисточно од населбата Хазрама.
Продолжуваат судирите меѓу противниците на Башар Асад. На пример, во ноќта спроти 1 јануари е нападната од заседа групата “Фејлјак аш-Шам” во реонот на гратчето Кафтин во провинцијата Идлиб. Напаѓачите ги нападнале во Кафтин со оружје и муниција, по што се скриле. Вината речиси едногласно е фрлена врз “Џунд ал-Акса”.
Договорот меѓу Русија и Турција при активното учество на Иран се случило со компромиси на принципот “взаемни отстапки”.
Турција “проттурна дека истакнатите исламистичките групи “Ахрар аш-шам” и “Џејш ал-Ислам” на инсистирање на Саудиска Арабија и Катар. Русија направила попуст, бидејќи знае дека двете групи мирно нема да стојат и порано или подоцна ќе се фатат оружјето. Така компромисот ќе стане уште потешко исполнет.
Турција побарала од Русија да се откаже да ги поддржува сириските Курди, а исто така да ги изведе од Сирија проиранските групи – либанската “Хезболах”, ирачката “Харакат ал-Нуджаба” и други формации на шиитски волонтери, но Москва одговорила дека не може да решава тоа наместо Техеран. Русија прифатила да не снабдува со оружје курдските единици во Северна Сирија.
На прв поглед прекинот на огнот е поволен за сите страни во конфликтот. Стабилизацијата на фронтот засега небаре повеќе одговара на противниците на Асад, кои ќе можат да починат, да се реформираат и наоружаат.
Корист ќе има и за Дамаск во оперативно-тактички план, за да се справи со лизгавиот терен се до Палмира каде терористи од ИДа не дозволија пробив на џихадистите од “Џебхат Фатх аш-шам” (поранешната “Џебхат ан-Нусра”) на други делови на фронтот. Другите две можни насоки за офанзива на владината армија се источните региони на провинцијата Алепо од авиобаза “Квејрис” до градот Дејр Кафир на исток и Ал-Баб на север, како и источниот дел на провинцијата Хама.
Концентрирањето на силите при примирјето со џихадисти и “умерени” во провинцијата Идлиб, е привремено решение, кое им одговара на Русија, Иран и Дамаск. За Турција и нејзините арапски сојузници е важно да не дозволат сириската армија да земе стратешка иницијатива во Идлиб по Алепо, а исто провинција Хама и северните региони на Латакија.
Не сите “умерени” останале задоволни од привремената ситуација околу примирјето по загубата на Алепо. Од Идлиб, “престолнина” на групата “Исламски фронт на Сирија”, секојдневно пристигнуваат пораки за судири помеѓу различни фракции на “умерените” и џихадисти, каде оружјето е аргумент и каква идна стратегија да изберат. Засега поддржувачите на интензивни борби постепено земаат врв. Не е јасна позицијата на Турција. Противречностите сепак со Русија може да се соголени. Во секој случај руските ВКС сигурно ќе бидат подготвени со бомби и воведени координати во автопилот и во автоматските системи да ги бомбардираат.
Време е режимот на Асад да ја премине во офанзива со цел обединување на земјата
На крајот на ноември три генерал штаба – сирискиот, рускиот и иранскиот – почнале консултации за планирање на посамоувереан операција против големиот џихад гарнизон во Идлиб, соопшти vz.ru.
Ситуацијата во регионот е таква што мислите која група како се вика, за што војува и на која е блиска изгубиле секаква актуелност. Во целата 2016 година слични академски размислувања беа распространеа со забава во руските експертски кругови, но кон есента стана јасно декја сето ова братство треба да се помине под еден чешел.
Максималната концентрација на џихадисти и “умерени” на квадратен километар е највисока токму во Идлиб и треба да биде намалена. Во овие редови одамна не може да се најдат ликови со “убави лица”. Меѓу десетината групи не можат да се најдат две лица со ист профил по конфесионална (верска) припадност и политички гледишта за иднината на земјата. Често разликите меѓу нив ги надминуваат противречностите со власта на Асад и ако го соборат од власт, ќе почнат да се борат меѓусебно.
По Алепо сириската армија ја премина онаа фаза кога воените дејствија во значителна мера се со одредување на политички околности.
Можно да е употребен надворешен притисок.