(ВИДЕО) Пеколот слезе на земјата, во САД е страшно!

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Силни бури одзедоа живот на најмалку четири лица.


Делови од јужните региони на САД се подготвуваат за дождливиот вторник, еден ден откако силни бури убија најмалку четири лица во Алабама и еден во Флорида, објави CBS News.
Силните бури предизвикаа неколку торнада, а опасноста од такви останува и за вторник за Јужна Алабама, Југозападна Џорџија и северозападна Флорида.

Месната телевизија WTVY-TV објави дека четири лица загинаа во понеделникот во текот на ноќта, откако торнадо собори две дрвја врз куќа во јужниот дел на округот Хјустон. Други тројца жители на куќата останале неповредени.

Во Флорида 70-годишен маж се удавил. Полицијата го пронашла неговиот автомобил делумно потопен, а неговото тело го носела водата во близина.
Сериозни врнежи во вторник се очекуваат и во Џорџија.