Ураганот проследен со ветер предизвика на места опасни снежни наноси.

Силна снежна бура ја погоди Полска. Снегот и силниот ветер создадоа проблеми во сообраќајот. Синоптичарите очекуваат температурите силно да паднат, јавуваат тамошните медиуми..
Силните снежни врнежи го нарушија и возниот ред и во Германија. Освен тоа ураганот Аксел проследен со ветер со брзина до 75 км / ч предизвика на места опасни снежни наноси.
По крајбрежјето на Северното Море наутро водата надојде за 1,50 м над средното ниво, во некои области дури до 2 метри.
Портпаролот на полицијата во Хамбург рече дека “водата може да го поплави предниот дел на пристаништето”.