“Луѓето не стануваат подобри, тие стануваат само попаметни. Кога ќе станеш попаметен, не престануваш да им кинеш крилца на мувите, едноставно си измислуваш подобра причина за да го правиш тоа. ”
Стивен Спилберг е роден на 18 декември 1946 година во семејство на Евреи. Уште како млад почнува да создава кратки аматерски филмови, а барал по 25 центи такса за нив. Неговата кариера започнува додека работи како практикант во Јуниверсал Студиос.
Тогаш го прави и својот прв краток филм “Амблин”. Едни од најуспешните негови филмови се “Ајкула”, “Вонземјани”, “Индијана Џонс и последниот крстоносен поход”, “Паркот Јура” и други.