Инцидент со кралицата Елизабета II среде ноќ во градините на палатата “Бекингам”

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Обезбедување на кралицата Елизабета II за малку не пукало во неа, откако таа се прошетала во 3 часот наутро во градините на палатата “Бекингам”, соопшти авторитетниот весник “Тајмс”. Тој помислил дека има некаков напад кон дворецот и извикал, за да застане натрапникот.

Потоа открил дека тоа е самата кралица на Велика Британија. Признал пред неа, дека за малку не пукал, кога забележал сенка да се движи во ниедно време. Кралицата му објаснила дека не може да спие, бидејќи е настината и решила да подише малку чист воздух.

Потоа ветила дека ќе се јавува на шефот на обезбедувањето, кога ќе прави прошетки рано наутро. Елизабета II ги пропушти сите обврски околу Божиќ и Нова година поради вирусна болест. Сепак таа се опорави и веќе се зафати со должностите.