Крајот на годината и почетокот на новата е време за потсетување. Може да сте биле вистински ангел, но безгрешни луѓе нема. А, често сме поостри и лоши на моменти со најблиските луѓе.
Еве и кои се гревовите кои веројатно сте ги извршиле во 2016 во однос на партнерот (да се надеваме не сите 7):
1. Го раскажувавте личниот и дури интимниот живот на другите луѓе, без знаење на партнерот Нема лошо да ѝ споменете нешто на нејзината најдобра пријателка, сестра или дури мајка си, но другото е неприфатливо. Не станува збор само за вас, туку и за друг човек и затоа не е редно да го делите неговиот живот.
2. Неверство
Има моменти на недоразбирања во кои се дистанцирате со партнерот, но неверството не е решение и не може да се оправда.
3. Одминување на проблемите
Најлошото нешто што еден човек во врска може да го предизвика кај својот партнер, е да ги игнорира проблемите и да заспива до него спокојно по скандалот. Проблемот не се решава сам, а со деновите станува се полошо.
4. Сексот по принуда не е силување, но не треба да се случува, а сепак многу жени признаваат дека тоа го прават во даден момент со партнерот не затоа што имаат желба, туку затоа што тој инсистира и ги “уценува емоционално”.
5. Ја наметнавте својата волја
Контролата е добра работа, но во врска треба да ги почитувате и мислењето и желбите на партнерот, а не да ги наметнувате своите сопствени и да го контролирате секое негово дејство.
6. Се навраќате на минати грешки
За да има врската иднина и оваа година, треба да сте ги коментирале проблемите, да сте пронашле решение, да сте ги простиле грешките. Ако и при најмал спор се положите на минатите проблеми во разговорот и тоа споделувајќи со партнерот што и како направил / а, ризикувате да го / ја изгубите како соговорник во спорот и тој да остане нерешен, што неминовно ќе се одрази на односите.
7. Одбивте да се промените
Врската доаѓа со многу промени и двајцата учесници во неа треба да направат компромиси. Во случај да вие одбивате да ги направите и инсистираме сето да се случува така што вам ви е удобно, вие сте во голем грев спрема партнерот и ќе е изненадувачки, ако досега не ве напуштил / а.