Само пред некој ден ја пречекавме новата година, а модната индустрија веќе има толку многу претставени актуелни трендови што можеме лесно да предвидиме што ќе носиме во крајот на 2017.
Буквалното “еден чекор напред”, всушност е многу корисно, бидејќи ни помага да селектираме што купуваме така што ќе се вклопиме лесно во трендовите на модните диктатори.
Денес ќе обрнеме посебно внимание на овие топ 5 додатоци, кои сигурно ќе ги носиме во 2017 и за кои е време да се погледне наоколу по продавниците.
1. Микрочанта
Некаде таму, меѓу клачовите и масивниот накит, овие микрочантите се создадени да ги извршуваат и двете функции. Моделите на микрочантите се толку мали, така што можеме да ги прибереме само навистина најпотребните нешта и се толку убави што внесуваат комплетност на секоја силуета.

2. Луксузно торбичка за телефон
Кога модата ќе се сретне со технологијата, резултатот секогаш е исклучителен. Можете да ги приковате сите погледи на себе ако само се обложите на еден од најчесто користените додатоци на смартфонот, и нагласите на него.

3. Новите потпетици
Досега сме навикнати да гледаме класичен пристап кон потпетиците на различните чевли. Оваа година, сепак е време за промени и тие доаѓаат во форма на нестандардни потпетици во сите можни модели.

4. “Вонземјански” очила
Бидете храбри и носете очила за сонце кои се благо речено нестандардни. Новите трендови кај нив ги карактеризираат со значително зголемени димензии и смели рамки, богати со акценти и детали.

5. Тенок чокер
Манијата на Џиџи и Бела Адид на еден од најактуелните додатоци за 2017 година, чокерите, се пренесе на модната писта и во нашиот секојдневен живот. Обложете се на особено тенки модели, бидејќи тие не се толку нападни и истовремено истакнуваат каде треба.

Слики: Vogue