Спектакуларни лустери од стари рендиња

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Декорациите за домот се вистинска страст за некои луѓе. Домашната атмосфера е повеќе од цел за некои домаќини. Создавањето на пријатна атмосфера секогаш го прави станот нешто повеќе од место за живеење – го претвора во дом.
Додавањето на светлина во домот е нешто многу посебно. Некои луѓе ги сакаат свеќите за создавање на романтика. Други го сакаат локалното осветлување. Трети пак паѓаат на нестандардните начини за декорација и лизгање на светлината .

Затоа на последните најверојатно ќе  им се допадне идејата за рачно изработени лустери од стари метални рендиња.

За да ги направите ви е потребна една подебела штица долга околу метар и половина. Исто така ќе ви требаат 4 рендиња за оваа должина табла со по 4 светилки. Кон нив додадете го потребниот сврзувачки материјал (завртки, навртки, шајки, кабли).

Можете да ги бојадисате рендињата во вашата посакувана боја, а можете и да ги оставите во природната боја според внатрешноста на вашиот дом. Многу погодна е бронзената боја.

Ефектот од добиената светлина преку дупките на рендето е ексклузивен!