Ед Ширан планира да издаде барем 7 албума пред да се пензионира.
Ова го изјави 25-годишниот пејач, кој во моментов се подготвува за излегувањето на својот трет студиски албум, цитиран од Contact music.
Поп ѕвездата откри дека веќе размислува за своето пензионирање, што ќе му овозможи да поминува повеќе време со семејството и да се грижи за него.
Ед вели дека мисли да си земе мал одмор и да се врати на музичката сцена, кога неговите деца ќе се веќе тинејџери.
“Би сакал да видам како моите деца растат”, изјави тој.
Музичарот исто така откри дека има специјален гостин во новиот албум. Станува збор за Џон Мајер, кој изведува соло на гитара.
Ед Ширан повторно се појавува во медиумите по една година надвор од центарот на вниманието и социјалните медиуми.