(ВИДЕО) Кралицата Елизабета II ги поби вестите за болеста и смртта: Се појави на црковна миса

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора присуствуваше на неделната служба во црквата “Марија Магдалена” во замокот во Сандригам, Источна Англија. Така ги поби информациите за загриженоста за нејзината здравствена состојба.


Ова е прва нејзина јавна појава за оваа година, откако тешката настинка ја принуди да ја пропушти божиќната и новогодишната црковна служби, што е невообичаено за монархот. Од Бакингемската палата соопштија дека кралицата закрепнува.

Иако не учествува во црковната служба кралицата направи традиционалната видео обраќање за Божиќ. Во него, без да го спомене историското решение на Британците да ја напуштат ЕУ, таа рече дека земјата “мора да преземе длабок здив”, за да ги пречека големите проблеми во светот по бурната политичка 2016 година. Обраќањето беше направено пред монархот да се разболи, забележува Гардијан.

Елизабета Втора наполни 90 години, на 21 април минатата година.