Руската војска наскоро би можела да добие воени авиони со ознаката А-60 кои ќе бидат вооружени со “прецизни ласери“.
![]()
Ова за ТАСС го изјави советникот на руската компанија КРЕТ, Владимир Михејев.
-Тоа ќе ја зголеми суперточната навигација. Екипажот ќе може прецизно да ја одреди позицијата на авионот и да ги насочи ласерските зраци на селектираните мети, рече Михејев.
Тој тврди дека ласерот ќе биде толку јак што авионот ќе може со него сам да се штити.
-Ние сме свесни дека ќе треба да се промени изгледот на авионот за да се прилагоди на новите задачи, сите клучни системи на авионот ќе бидат заштитени со ласерско оружје, истакна Михејев.
Авионот ќе има и многу моќен систем за одбрана и ќе го штити леталото од најсофистицираните начини на напад.