Природата создала неверојатни убавини и чуда во целиот свет. Некои од нив многу тешко може да се опишат со зборови, треба да се видат. Едно од нив е Нијагарините водопади.
Величествена, убава, а громогласна вода која како да им ја раскажува на милионите туристи својата вековна историја. Споделуваме некои интересни факти за Нијагара, како и забележителни слики.
Нијагарините водопади се наоѓаат на границата меѓу Канада и САД.
Нијагара се група големи водопади на реката со истото име.
Реката Нијагара е со должина од околу 58 километри – од езерото Ири до езерото Онтарио.
Најдлабокиот дел на реката Нијагара е точно под водопадот. Нејзината длабочина е еднаква на висината на водопадот – 52 метри.
Околу 500 други водопади во светот се “повисоки” од Нијагара. Керепакупај Меру или Анхел во Венецуела е највисокиот водопад – 979 метри, во кој сепак паѓа многу помалку вода.
Комбинацијата од висина и волумен на вода е она што ги прави Нијагарините водопади толку убави.
Нијагарините водопади се извор на хидроелектрична енергија.
Околу 90% од рибите кои “патуваат” во водопадот успеваат да преживеат. Се смета дека белата пена, која се формира од падот на водата, дејствува како перниче за рибите.
При сегашната стапка на ерозија, научниците веруваат дека Нијагарините водопади ќе се разрушат по околу 50 000 години.
Првиот човек кој се осмелил да помине низ водопадот е 63-годишен учител. Тоа го направил во буре. Има и други храбри кои се обиделе. Некои од нив се повредени, а други начекале смрт.
Околу 20% од водата за пиење во САД поминува низ Нијагарините водопади.
Иако ова не е највисокиот водопад во светот, тој најбрзо движечкиот. Тоа е резултат на глечерите од пред 10 000 години. Делови од филмот “Пиратите од Карибите” се снимени во Нијагарините водопади.
Првото преминување над водопадот на тенко јаже е направено во 1859 година.
Секоја година околу 30 милиони туристи ги посетуваат Нијагарините водопади.
Niagara Falls State Park е најстариот парк во САД, создаден во 1885 година.
Останатите фотографии од магичните водопади погледнете ги во галеријата: