(ВИДЕО) Мишел Обама пукна во солзи и го откри најважниот момент во нејзиниот живот

од Vladimir Zorba
143 прегледи


Мишел Обама го одржа својот последен емоционален говор, со што успеа да го погоди целиот свет. “Да бидам прва дама на САД е најголемата чест во мојот живот.”, изјави Мишел за време на церемонијата на доделувањето на наградите “Средношколски советник на годината”.
Со солзи, Мишел се сврте кон младите и ги повика да веруваат во силата на надежта.
“Сакам нашите млади луѓе да знаат дека тие имаат свое место во општеството. Значи не се плашете. Имајте цел и решителни. Имајте надеж. Стремете се кон подобро образование и користете го за да се изгради земјата на по достоинствен начин. Знајте дека САД припаѓа на вас. “, изјави Мишел Обама.

Таа испрати јасни пораки до младите, им рече да се издигнат над секакви поделби – лутина, фанатизам, религии и потекло. Во 2015 година таа го постави почетокот на церемонијата “Средношколски советник на годината”. Таа има за цел да го насочува вниманието кон педагошки советници, кои покажаа лидерски вештини. Иницијативата е дел од нејзината програма “Да дојде далеку”, која го промовира високото образование.