Forbes: Трајни интереси ја водат САД кон зближување со Русија – време е Студената војна да биде оставена во минатото

од Vladimir Zorba
113 прегледи

На САД одамна им е време да се разделат со идејата дека постојаниот негатив во односите со Русија може да доведе до позитивни резултати, пишува коментаторот на Forbes Тим Рејтр.
Идејата за можното решавање на меѓународните проблеми по пат на преговори, а не со цврсти методи, изгледа е недостапна за некои “јастреби” во Вашингтон, се вели во публикацијата.

Студената војна заврши пред 25 години, но оттогаш односите со Русија не станаа вистински добри – не на последно место поради тоа што многу политичари повикуваат на “цврстина” штом меѓу САД и Русија се појави некакво контрадикција, било тоа да е украинската криза или конфликт во Сирија.

Истите “јастреби” сега се нафрлија против функцијата државен секретар Рекс Тилерсон, сметајќи го за “проруски” поради долготрајнотоа познанство со Владимир Путин. Тилерсон сепак е најсоодветниот кандидат, ако станува збор за вистинско разбирање на националните интереси, проценка на можните ризици и интереси во надворешната активности, пишува авторот.

Надворешната политика на администрацијата на Трамп, ако таа е основана на рационален пристап и признавање на странските интереси, е способна да донесе на САД важни надворешно политички интереси: прво,ќе се намали непријателството на другите земји во однос на САД, второ, ќе се овозможи заедничко решавање на прашања со оние земји со кои Вашингтон има несогласувања.

Успешната дипломатија секогаш се базира на разбирање и признавање на интересите на другите земји, а исто така на способноста за соработка, дури и ако во овие односи постојат несогласувања, потсетува Forbes.

Познатата максима дека во политиката нема постојани пријатели и непријатели, а има само постојани интереси, треба конечно да биде задоволена во умовите на американските политичари, се вели во публикацијата. За 25 година по распадот на Советскиот Сојуз целосно може да се разбере дека лошите односи со Русија апсолутносе непродуктивни и Студената војна треба да биде оставена во минатото, резимира Тим Рејтр.