Граѓаните на Македонија избраа промени и живот. Луѓето имаат потреба од поголеми приходи и помали давачки, наспроти 10-годишното осиромашување, велат од СДСМ.
„Еден од начините како ќе ги враќаме парите кон граѓаните е преку враќање на 15 отсто од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки.
Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.
Ако имаше плата плус во секое семјество, граѓаните поспокојно ќе ги минеа празничните денови. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, и за помали давачки, и за повисоки плати, и за нови работни места. Во оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.