118
Засега новите на Трамп ја чекаат официјална покана по 20 јануари
Претставник на преодниот тим на Доналд Трамп изјавил дека Русија ја поканила администрацијата на новоизбраниот претседател на САД на претстојните преговори за Сирија во Астана, објави весникот Washington Post.
Според изданието, поканата е добиена за време на телефонски разговор со претседателскиот советник за национална безбедност Мајкл Флин и рускиот амбасадор во САД Сергеј Кислк уште на 28 декември.
Претходно претставникот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека САД за сега не добиле официјална покана за Самитот во Астана, но се во постојан контакт во врска со иницијативата и со Русија и со Турција, па се надеваат да го добијат документот по преземањето на Трамп на должност на 20 јануари.