Што е пријателството? Дали некогаш сте размислувале за силата на тоа да имаш вистински пријател?
Пријателството не се мери во пари, тоа е посебна врска помеѓу две лица. Најдобриот пријател е добар слушател. Може да нè слуша со часови, да нè советува и да се обиде да нè утеши.
Пријателството е лек за душата кога страдаме и празник, кога се ужива. Денес во рубриката “Изреки и мудрости” споделуваме една кратка, но многу поучна приказна за пријателството. Откако ќе ја прочитате не заборавајте да се јавите на вашите блиски пријатели, само така, за да ги слушнете.
Еден ден љубовта му рекла на пријателството:
– Зошто постоиш ти, кога ме има мене?
Тогаш пријателството ѝодговорило:
– За да однесам насмевка кај оние на кои ти им оставаш солзи.