Порастот на мигрантите во Европа било резултат на политиката на САД.

Русија беше нападната од повеќе сајбер напади од странство, изјави висок претставник на руската безбедност, како одговор на обвинувањата од Западот дека Москва агресивно ги нападна информациски мрежи во САД и Европа, пренесе Ројтерс.
“Неодамна забележуваме значително зголемување на обидите од надворешните сили за предизвикување на штета на руските информациски системи”, рече секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев во интервју за. “Россискаја газета”.
Целосниот текст на интервјуто ќе излезе во утрешниот број на весникот.
Патрушев ја обвини владата на Барак Обама дека “тенденциозно го игнорира фактот дека главните интернет серверите се базирани на територијата на САД и се користат од страна на Вашингтон за разузнавање и други цели, вклучувајќи за зачувување на американската доминација во светот”.
Тој додаде дека Москва се надева да воспостави конструктивни контакти со идната влада на Трамп, кој ќе ја заземе претседателската функција на 20 јануари, вклучувајќи во сферата на борбата против тероризмот.
Патрушев истакна дека Русија располага со податоци за соработка на одделни држави и транснационални компании со терористи, пренесе ТАСС.
“Станува збор за купување на нафта и други суровини од терористите, како и за плаќање на пари за добивање на дозволи за производство и транспорт на стока во контролираните од нив територии”, изјави Патрушев.
Според него авантурата на американската влада доведоа до процут на тероризмот, зајакнување на сунитско-шиитскиот јаз и до хуманитарна катастрофа во одделни земји и региони.
Зголемувањето на бројот на мигрантите и бегалците во Европа се резултат од политиката на САД и нивните сојузници по промена на неудобните за нив режими, додаде Патрушев.