Лондон како што веќе се претпоставува сака да излезе од Европската унија и ќе бара преоден период – но во исто време може да се открие дека европските лидери го стврднале својот став.

С месеци Брисел работи со претпоставка дека е невозможно договорот за Брекзит да биде завршен до крајниот рок во 2019 година. Ова ќе бара преоден период, за време на кој ќе биде постигнат перманентен договор за бизнис односите меѓу ЕУ и Лондон.
Бизнисот од двете страни на Ламанш ја одобруваат идејата која ќе ја намали несигурноста. Технократите, чија задача е да постигнат договор, исто така не се задоволни, бидејќи двегодишен рок поставен од Договорот за ЕУ, не е доволен. Единствените разочарани се тврдокорните струи во Лондон, кој сакаат брз и категоричен излез.
Премиерот Тереза Меј неодамна ја омекна реториката на тема “Брекзит значи Брекзит” и почна да нагласи дека е потребно бизнисот да биде заштитен од нагли потреси.
Во меѓувреме европските лидери станаа категорични во своите позиции.
Високи европски политичари, зборуваат за “Ројтерс” под услов на анонимност, веќе не се убедени дека преодниот период е неизбежен. “Техничките лица тоа го сваќаат како очигледно, но, отворено кажано, од политичка гледна точка не е така”, вели еден од нив. “Британците навистина тоа го сакаат? Кои услови можеме да понудиме?”, прашува тој.
“Има сериозна опасност едноставно да пропаднем во бездната.”
Намерата на Меј е да го стартува двегодишниот процес за Брекзит во март. Утре таа ќе одржи говор на оваа тема и нејзините зборовите ќе бидат внимателно следени. Секое навестување дека би прифатила преоден период, ќе влезе во насловите.
Иако досега да не се откриваат многу детали за својата позиција, Велика Британија категорично ги омекна изјавите од минатиот месец наваму. Министерот за Брекзит Дејвид Дејвис изјави во декември дека “не се грижи” од привремена зделка. Но една недела подоцна британски весници соопштија дека во приватни средби коментирал дека не е против идејата.
Главниот преговарач од страна на ЕУ – Мишел Барние, досега тврди дека преодниот период воопшто не е сигурен и ќе зависи од евентуално поширокиот договор за долгорочна иднина. Долго време преговарачите од Брисел коментираа доверливо дека тој е неизбежен.
Се примаше за здраво за готово дека Брекзит ќе се одржи во три дела:преговори, транзиција и развод, кои не можат да бидат однапред предвидени.
Ова верување сепак веќе се менува, иако економската логика го поддржува. Втор вработен на ЕУ, вовлечен во планирањето на процесот, забележува дека Британија зависи од ЕУ повеќе отколку Унијата има потреба од Велика Британија. Што значи дека транзицијата е потребена на Лондон, отколку на Брисел.
“Политичката логика покажува дека Британците треба да останат што е можно поблиску дури по разводот”, коментира тој. Условите на транзиција ќе зависат од долгорочната цел: ако се бара договор за слободна трговија, нема логика врз британските стока да се наметнуваат давачки, кои подоцна ќе бидат откажани.
Времето не е доволно дури и за основните договори за финансии, државјанството, правото итн Секоја привремен договор ќе мора да е едноставен.
“Условите на разводот ќе бидат толку тешки за преговори, тоа ќе биде невозможно да се разгледуваат условите и за преодниот период”, вели за агенцијата водечкиот лидер за преговорите од името на една од 27-те земји членки. “Времето е исклучително малку”.
Досега сите страни само алудираат какви се нивните ставови.
Но политичарите од континентот продолжуваат да ги потсетуваат Британците дека имаат адут – крајниот рок е определен од чл. 50 од Договорот за ЕУ. Со или без договор, две години по формалното активирање на чл. 50 (кој Меј вети дека ќе го направи во март), Велика Британија ќе ја напушти Унијата.
Висок германски политичар тврди за “Ројтерс” дека Лондон треба да побара да остане дел од Европската економска зона (EEA) во текот на неколку години. За таа цел земјата треба да прифати слободното движење на европски граѓани и да продолжи да прави придонеси кон дава во буџетот на ЕУ за да го задржи пристап до единствениот пазар.
Според германскиот претставник Меј треба да ги започне преговорите со барање за преоден период.
“Има ризик двете години да истечат без резултат”.
27-те лидери на ЕУ покажале решителност да се држат заедно и да инсистираат Британија да ја плати цената за “тежок Брекзит”, наместо да и ја дозволат “меката” опција која може да ги примамат други држави тоа да го следат од Лондон.
Минатата недела Малтешкиот премиер, чии министри претседаваат со Европскиот совет до јуни, побара преодна зделка. Причината – Лондон е главен финансиски центар на Европа. Но Џозеф Мускат рече уште дека во таков случај Британија ќе треба да се задржи јурисдикцијата на европските судови – сценарио кое нема да е привлечно за категоричните приврзаници на Брекзит. А Меј најверојатно ќе се цели и во втор мандат на изборите во 2020 година.
Вториот извор на “Ројтерс” од ЕУ тврди дека Меј би можела да се обиде да ги донесе работите до делумен излез, дури и ако условите вклучуваат Британија да продолжи да прави придонеси кон европскиот буџет.
“Можеби нема да е толку различно од членството, како би им се сакало на некои луѓе”, тврди тој. “Но е чекор напред, а и правецот е јасен. Меј ќе остане заложничка на екстремистите, но ќе треба и да направи нешто”.