Кејти Пери и Орландо Блум станаа русокоси

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Кејти Пери покажа нов изглед за 40-тиот роденден на дечко ѝ Орландо Блум. Всушност самата забава-изненадување за актерот била организирана од поп ѕвездата во Палм Спрингс, Калифорнија, пред два дена.

Кејти поканила куп пријатели – познати личности на забавата на саканиот (меѓу кои Џенифер Анистон и Џастин Теру), а освен тоа, таа го шокираше Блум со неочекувана посета од неговата мајка – Соња, за што тој напиша во Instagram: “Најубавиот подарок кој некогаш сум го добил – ненајавена посета од мама! ”

Што се однесува до новиот русокос стајлинк на 32-годишната поп ѕвезда, не е јасно дали таа  е под влијание на самиот Орландо, кој исто така во последно време се вбројува во блондините.

До неодамна Кејти имаше гарваново црна коса, па за неа тоа е голема трансформација.