Гвинет Палтроу неколкупати се претставувала како жена која држи здрав и особено на продуховен начин на живот. Затоа во својот светски веб GOOP 44-годишната актерка се труди да дава совети и да нуди сосема практични работи. Таа промовира производ кој е кристал во форма на јајце, и што според неа го подобрува сексуалниот живот на дамите.
На сајтот Палтроу вели дека каменот Rose Quartz Eggs “ги зголемува, оргазмите, тонусот на вагиналните мускули, хормоналниот баланс и женската енергија”. Секс каменот, чија вредност се движи меѓу 45 и 54 фунти, веќе е распродаден. И иако не се споменува конкретно дали Гвинет го користела лично, тој се рекламира како ефективен, тестиран лично од популарната блогерка Шива Роуз.

Во описот на производот пишува: “Шива Роуз го употребува седум години. Ние исто така го пробавме и решивме да го продаваме во нашата продавница “.
Следат неколку совети за неговото поставување во вагиналните ѕидови и појаснување дека нема ништо срамно, ако жената го стави и јајцето падне, во почетокот било сосема нормално. На сајтот на Палтроу се тврди уште дека јајцето датира од Античка Азија, каде што жените го користеле, за да се во форма за својот император.