
Руска ракета, истрелана од западниот космодром Плесецк, погоди цел на полигон на полуостровот Камчатка, пренесе РИА Новости. Министерството за одбрана на најголемата по територија земја во светот денес информира за успешен тест на интерконтиненталниот балистички проектил “Топол М”.
“Ракетата прелета растојание од приближно 6.200 километри”, појаснија претставници на силите за безбедност. “Целта на тестот беше да се проверат техничко тактичките карактеристики на оружјето”, додаде тој.