Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп на должност ќе стапи како најнепопуларниот претседател од 1977 година, покажува заедничката анкета на Еј-Би-Си и Вашингтон пост.

40 отсто од Американците го поддржуваат начинот на кој Трамп ја извел транзицијата во Белата куќа, што е само половина од поддршката која ја имаше претседателот во заминување, Барак Обама, кога тој стапи на должност.
Претходниците на Трамп, Џорџ Буш и Бил Клинтон имаа 72, односно 81 проценти поддршка.
Исто така, 40 отсто од граѓаните го поддржуваат изборот на Трамп за неговиот кабинет, што во просек е 20 проценти помалку од неговите четири претходници.