Поранешната девојка на Бредли Купер – Суки Вотерхаус, има нова љубов и тоа е актерот од “Rogue One: Историја од Војна на ѕвездите” Диего Луна.
37-годишниот Мексиканец и 25-годишниот британски модел беа фатени од папараците додека се шетаа во паркот во Тулум, Мексико, минатиот викенд.
Од папараци сликите се гледа дека Суки и Диего се однесуваат како љубовници – одат рака под рака, се бакнуваат и изгледаат среќни заедно.
Поинтересно кај Вотерхаус и Луна е дека тие поминаа краток флерт во Лондон (на сликата лево) во летото 2015-та, набргу откако таа раскина со Бредли, кој пак во тоа време веќе излегуваше со супермоделот Ирина Шејк.
Потоа Суки и Диего не беа забележани заедно повеќе од една година и половина до 16 јануари оваа година.
Фото: dailymail.co.uk
