Модната индустрија ги сака младите модели. Еден од нив сепак има само 2 години. Девојчето е од Сиднеј и се прослави во Instagram во квалитетот на моден блогер. Деновиве се очекува да излезе на подиумот за време на модната недела во Њујорк, пишува Daily Mail.
Девојчето Бел Дајмонд, позната во социјалната мрежа како Мили, ќе земе учество на модна писта и ќе облече облека на брендот Little Miss Aoki.
Како што раскажува нејзината мајка Шај Фокс, ќерка ѝ се радува за претстојното нејзино учество, бидејќи многу го сака вниманието на публиката.
Во социјалната мрежа малата Мили-Бел има над 136 илјади следбеници. Мајката на девојчето редовно објавува нејзини фотографии во различни модни парчиња, дополнети со додатоци на познати брендови.
Видете го малиот модел во галеријата.