Американскиот астронаут Јуџин Срнон – последниот човек којстапнал на Месечината, почина вчера на 82-годишна возраст.
Информацијата беше соопштена од НАСА и семејството на Срнон.
Срнон e еден од тројцата космонаути во историјата, кои патуваа до Месечината двапати. Тој ја обиколува Месечината како член на екипажот на “Аполо 10” и стапнува како командант на “Аполо 17 во 1972 година”.
Досега тој останува и последниот човек, кој допре до површината на сателитот. Според податоците на неговото семејство, тој починал како последица на здравствени проблеми.