Познатиот американски дизајнер Том Форд, кој неодамна почна да се појавива и како холивудски режисер (дури беше номиниран за наградата “Златен глобус” за филмот “Предатори во темнината” со Ејми Адамс и Џејк Гиленхал) одлучи да се раздели со својот прекрасен ранч во Санта Фе, Ново Мексико.
Форд го пуштил во продажба својот имот за сериозната сума од 75 милиони долари, но веќе шест месеци не може да му најде купувач.
Ранчот на дизајнерот се наоѓа во пустината, на едно прилично живописно место, а неговата архитектура е зачудувачка и ултрамодерна, дизајнирана од познатиот архитект Тадао Андон.
Том поседува штала за осум коња, како и затворен и отворен манеж каде го практикува омилениот спорт – јавањето.
Имотот располага со базен, тенискорт, две куќи за гости, сместување за персоналот и одделна деловна зграда.
Во ранчот има и хангар во кој ги паркираат приватните авиони на VIP гостите на Том Форд.
Зградата била користена за сликите на неколку холивудски продукции, вклучувајќи “Wild Wild West” и “All the Pretty Horses”.
Видете ги сликите на ранчот во галеријата.