Финансиска полиција кај градоначалникот на ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ми испрати полиција во канцеларија

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Финансиската полицијата денеска тропна на вратата од канцеларијата на градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. ТВ 21 објави дека најмалку тројца полицајци го посетиле првиот човек на општината. Телевизијата го сними нивното влегување во општината, но сепак ниту еден од полицајците не сакал да ги открие причините поради кои ја посетиле општина Гостивар.

Бејта ја обвини полицијата дека нивната посета е по политичка нарачка, и воедно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за уцена. Тој вели дека наредбата за контрола била издадена од комитетот на ВМРО-ДПМНЕ, по неговата изјава за ТВ 21 дека не познава Албанец кој посакува коалиција со Груевски.