Парис Џексон е речиси иста како Мадона (од раниот нејзин период) во нова, секси фотосесија за Chanel пред Ајфеловата кула во Париз.

Парис е копија на Мадона или поконкретно на нејзината визија во 80-тите. Интересно е дека во тоа време Мадона всушност се обидуваше да личи и да ја копира холивудската икона Мерилин Монро.

Што се однесува до 18-годишната тинејџерка потсетуваме дека таа беше родена од втората сопруга на Мајкл Џексон – медицинската сестра Деби Роу, а и до ден-денешен не е јасно чии гени носи.

Парис има поголем брат – Принс, кој исто така е роден од Деби и помал – Бланкет, чија мајка остана непозната.

Патем, уште посилно се зборува дека Парис сака да гради кариера во Холивуд, но очигледно прво ќе се испроба во модната индустрија.

Мадона во 1987 г .; Фото: reuters.com