(ФОТО) Ќерката на Џад Лоу во рекламна кампања за козметика

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Ирис Лоу веќе официјално ја доби првата рекламна кампања за една од најголемите модни куќи и нејзината козметичка линија.

16-годишната ќерка на Џуд Ло и Сади Фрост е новото лице на линијата Liquid Lip Velvet на Burberry.

Според модните медиуми, креативен директор на Burberry, Кристофер Бејли, ја избрал тинејџерката поради нејзината “креативна енергија”.

Течните кармини доаѓаат во крем текстура и се достапни во широк спектар кој се состои од точно 14 бои.

Темата се движи од заситено розово до темно црвено.

“Ми се допаѓа тоа што од Burberry ги поддржуваат младите британски таленти и е одлично што имаат можност да бидат свои, но исто така со радост ја проследивме трансформацијата и целиот креативен процес”, изјави ќерката на Џуд Ло.

Дали се справила добро како рекламно лице – видете во нашата галерија.