Говорот на преседателот на САД е краткок, но искрен и посветен на иднината на Америка
Во Вашингтон започна церемонијата на инаугурација на 45-тиот претседател на САД, Доналд Трамп. Пред тоа Трамп традиционално беше на посета на Белата куќа, каде што се состана со американскиот претседател во заминување Барак Обама. Потоа новиот американски лидер се упати кон Capitol Hill, до зградата на Конгресот, каде ја положи заклетвата. Малку порано заклетва даде потпретседателот Мајкл Пенс.
Доналд Трамп ќе положи заклетва како претседател на САД врз две Библии – неговата, подарена од неговата мајка во 1955 година, и оваа, која била користена од Абрахам Линколн пред век и половина. Церемонијата на положување заклетва ја води претседателот на Врховниот суд Џон Робертс.
Задолжителен елемент на церемонијата е и говорот на претседателот, во која тој треба да каже основните насоки на своите политики. Како што веќе беше објавено, Трамп го подготви текстот на говорот сам. Говорот на Доналд Трамп ќе биде “личен” и “филозофски”, рече неговиот портпарол.
Прес секретарот на новоизбраниот претседател Шон Спенсер за новинарите изјави дека “говорот ќе биде многу личен и искрен, за визијата , за земјата”. Со помош на својот долгогодишен автор на говори Стивен Милер, Трамп се очекува да изрече релативно краток говор кој ќе влијае на неговите идеи од капмањата како “Америка на прво место” и “Да направиме Америка повторно голема”.
Темите ќе вклучуваат ограничната безбедност, армијата, економијата и оддржување на работни места во странство, соопштува CNN.
Самата церемонија на инагурација чини околу 200 милиони долари.
Кој е Доналд Трамп
Доналд Трамп е американски бизнис магнат, автор и медиумска личност, 45-ти претседател на САД. Роден е на 14 јуни 1946 година во Квинс, Њујорк.
Тој е претседател и извршен директор на “Трамп Органајзешн”. Доналд Трамп е основач на “Трамп Ентертејмонт Ризортс”, организација која раководи со многубројни казина и хотели во целиот свет. Неговиот екстравагантен животен стил и манир го утврдиле како славен – статус, со растечки успехот на неговото реално шоу “слушателите”.
Во септември 2010 година Доналд Трамп изјави дека “сериозно размислува” за можноста да се кандидира за претседател на САД за 2012 година. На изборите во 2008 година, тој го подржа кандидатот на Републиканската партија Џон Меккејн, кој загуби од противникот демократот Барак Обама.
На 16 јуни 2015 година Доналд Трамп објави дека се вклучува во борбата за претседател на САД во 2016 година По првичните избори Трамп е избран за кандидат на Републиканската партија. Негов главен ривал за претседателската функција беше Хилари Клинтон.
Станува втор во историјата кандидат за претседател на САД од главните партии, кој по почеток бил познат пред се како бизнисмен (првиот е Вендел Уилки во 1940 година)
На претседателските избори на 8 ноември 2016 година Трамп ја освои победата откао си обезбедиповеќе делегати, иако доби помалку гласови од кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон. Ова е четврт случај во историјата на САД.
Трамп е најстариот избран за прв пат претседател на САД (70-годишен; го подобрува рекордот на Роналд Реган, кој беше избран за прв пат на 69 години).